Кошаркарите на Гостивар стигнаа до убедлив триумф на домашен терен против Кожув од 97-68. во 11. коло во кошаркарската лига на Македонија. Единствено во првата четвртина гостите беа достоен противник, успевајќи да ја загубат со само два поени разлика (24-22).
Падот во играта на гевгеличани се покажа веќе во вториот период по кој имаа негатива од десет поени (45-35). Вистински распад се случи во третиот период во кој на противникот му дозволија 33 поени, а до крајот гостиварчани само рутински ја довршија работатата за конечни 97-68.
Тодоровиќ со 28 поени и 9 скока беше прво име во таборот на домашните, додека кај гостите Симоновски заврши со 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА