Димчевски: Гостивар сака со победа против ТФТ да ја заврши годината

Прволигашката кошарка за новалијата ТФТ и Гостивар продолжува денеска во Скопје со натпревар кој е од големо значење за двата клуба, со цел да се заврши календарската година со победа. Тимот од Тафталиџе по одличниот старт во сезоната сега се наоѓа во мала резултатска криза. Борбата на двата фронта и долгите патувања ги уморија избраниците на Смилковски кои денеска ќе се обидат да ја прекинат серијата на порази со победа против фаворизираниот Гостивар.

„Последниот натпревар за оваа година би било убаво да го завршиме со победа. Атмосферата во екипата е одлична и покрај малата криза што ја имавме со неколку порази и се надевам дека од неа ќе излеземе веќе на денешниот натпревар“  – изјави Иван Сапунџиев.

За разлика од ТФТ, Гостивар се мачеше на почетокот на сезоната меѓутоа „сино-белите“ сега се во серија од три победи едно по друго, а искусниот тим на Србиновски се надева дека оваа серија ќе продолжи и во последниот натпревар за календарската година.

„Мислам дека нивна предност е тоа што се во натпреварувачки ритам, додека на нас ни фалат натпревар. Знаеме од каде доаѓа најголемата опаснот и се надевам дека нема да им дадеме да развијат нивни ритам и со борбена игра ќе бидеме победници и ќе ја завршиме годината со победа“ – изјави Ивица Димчевски.

Се вчитува...