Гостивар потпишува со најдобриот стрелец на српската лига

Гостивар донесе сериозно засилување во пресрет на новата сезона откако ги договори условите за соработка со српскиот центар Ѓорѓе Џелетовиќ. Станува збор за квалитетен кошаркар висок 204 сантиметри кој одлично се снаоѓа под обрачите. Впрочем, најдобар доказ за неговите квалитети е фактот дека ланската сезона како член на Војводина беше најдобар стрелец во српската Прва лига, на 13 натпревари во просек постигнувајќи по 24 поени по натпревар.

Овие одлични партии му овозможија на Џелетовиќ трансфер во романскиот прволигаш Галати, каде во просек бележеше по 12,9 поени по натпревар. Џелетовиќ (25 години), кој е производ на младинската школа на Партизан, во кариерата има настапувано и за естонскиот прволигаш Талина Уликол, како и за Слобода Тузла, Приморје и Варда Вишеград.

Гостиварци влегуваат во завршната фаза од подготовките за стартот на новата сезона. Тимот на Марјан Србиновски денеска одигра контролен натпревар со Пелистер, триумфирајќи со убедливи 103-83.

Се вчитува...