Гостивар се извлече против Кожув

По четири порази во низа, Гостивар конечно им се врати на победите во кошаркарската лига на Македонија, откако славеше на гостувањето кај Кожув со тесни 78-80 во натпревар од последното коло во регуларниот дел од сезоната.

Домаќините подобро го отворија натпреварот. Шутерски беа расположени и по десет минути игра имаа предност од 29-22. Гостиварци уфрлија во повисока брзина во вториот период и со одлична игра на полувреме заминаа со предност од 43-48.

Третиот период се играше во егал, а пред последните десет минути резултатот на семафорот изнесуваше 61-68. Домаќините успеаја целосно да се вратат и да го внесат натпреварот во неизвесна завршница, но кошаркарите на Гостивар беа посмирени во финишот и стигнаа до нова победа.

Никола Силаџи со 22 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај домаќините се истакна Тач Унрих со 19 поени.

Се вчитува...