Гостивар се извлече против Вардар

Кошаркарите на Гостивар стигнаа до тешка победа на гостувањето кај Вардар од 105-106 во натпревар од 20. коло во Првата кошаркарска лига на Македонија. Двете екипи си поделија по две четвртини, а на крајот поголемото искуство на гостите беше главната причина за триумфот на тимот од Гостивар на натпреварот.

Тодоровиќ со 26 и Димчевски со 25 поени беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените Џуниус Провел заврши со 27 поени.

Се вчитува...