Гостивар се засили со поранешен фудбалер на Лидс (ФОТО)

Гостивар продолжува со екипирање на екипата за продолжението од сезоната низ која со сериозни амбиции атакува на европски излез.

Најново засилување на Гостивар е офанзивецот од Шкотска, 30-годишниот Ли Ервинг.

Ервинг, фудбалски потекнува од школата на Мадервил, а во својата кариера има настапи и за поранешниот англиски премиерлигаш Лидс Јунајтед.

Последниот клуб на шкотскиот фудбалер во редовите на ХЈК Хелсинки во Финска, а во кариерата има настапи и за клубови во Либан и во Иран.

Се вчитува...