Гостивар си поигруваше со немоќниот Работнички

Сосема очекувано, Работнички претрпе нов пораз во Првата лига на Македонија. Гостивар беше подобар тим на гостувањето во „Кале“ и убедливо го совлада домашниот состав со 57-91.

Работнички добро се држеше само во првата четвртина која заврши со „егал“ 19-19, а од тогаш иницијативата ја превзема Гостивар и потоа убедливо ја добива третата четвртина со 12:25.

Во ист ритам Гостивар продолжи и во третата четвртина, кога дојде и до позитива од 25 разлика (41:66). Во четвртиот период целосен „потоп“ за Работнички, кој демонстрираше огромна немоќ, па постигна само 11 поени. Највисоката предност на Гостивар дојде токму во финишот со кој заврши мечот, односно Гостивар беше подобар од противникот со 34 разлика.

Двајца играчи од двете екипи ја поделија наградата „најдобар стрелец“. Ворку кај Гостивар и Мамузиќ кај Работнички постигнаа по 17 поени. Ворку беше прв по асистенции (10), додека Какруки од Работнички оствари девет скока.

Се вчитува...