Гостивар тоне – нов подвиг на младите „штркови“

МЗТ Скопје 2 забележа уште една огромна победа во рамките од Првата лига, триумфирајќи на домашен терен над Гостивар со резултат 77-72. За младите „штркови“ ова беше втор триумф во низа што ќе биде исклучително значаен во трката за опстанок, воедно и ја потврди слабата форма во која се наоѓа Гостивар во поголемиот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Гостите од Гостивар беа подобри во првата четвртина (15-18), но како пресудни се покажаа вторите десет минути кои минаа во апсолутна доминација на младите кошаркари на Боро Даскалоски. МЗТ 2 го доби овој период со 32-18, на одмор замина со двоцифрена предност и успеа да се одржи во водство до самиот крај на мечот, стигнувајќи до заслужена победа.

За МЗТ Скопје 2 ова беше шеста овосезонска победа, трета во последните пет кола, додека Гостивар го загуби и четвртиот меч во последните пет рунди.

Се вчитува...