Готи: Несторовски го заслужи овој гол, тој е голем професионалец

Илија Несторовски беше херој на Удинезе, постигнувајќи го победничкиот погодок на дуелот со Фиорентина. Македонскиот ас влезе во игра во второто полувреме и одлично се снајде во самата завршница, на асистенција на Де Паул сместувајќи ја топката во мрежата на „виолетовите“.

Тренерот на Удинезе, Лука Готи, на прес-конференцијата по натпреварот испрати комплименти на адреса на македонскиот репрезентативец.

„Несторовски добива малку шанси да се докаже, но продолжува да тренира со неверојатен професионализам. Тој на секој тренинг се однесува максимално ангажирано, како младинец желен за докажување, а не како играч во своите триесетти години. Затоа, тој заслужи да го постигне овој победнички погодок“, истакна Готи.

Се вчитува...