Готово е: Рамос ја купи Севилја за 450 милиони евра!

Серхио Рамос ја почна својата кариера во Севилја, по заминувањето од Реал повторно го облече дресот на овој клуб, а легендарниот дефанзивец е подготвен за нов камбек на „Санчез Пизхуан“, овојпат како ко-сопственик на реномираниот шпански колектив.

Рамос со месеци наназад преговараше со мнозинските акционери во Севилја, како предводник на “Five Eleven Capital“ групацијата подготвена да го преземе раководењето со порнаешниот освојувач на Лигата на Европа.

Денеска конечно беше постигнат целосен договор, Рамос и бизнис-партнерите ќе платат вкупно 450 милиони евра за да станат газди на Севилја, сума од која ќе бидат покриени и долговите што клубот ги има во моментов, а остатокот ќе биде поделен меѓу мнозинските акционери во сооднос на бројот на акции што ги поседуваат.

Сите детали се договорени, исплатата треба да биде извршена најдоцна до 31 мај, но доколку се случи Севилја да испадне од Примера дивизион тогаш сумата ќе остане иста, но рокот за исплата ќе биде продолжен за уште една година.

За официјализација на преземањето на клубот се чека само уште потврда од „Високиот спортски совет“ во Шпанија, што би требало да претставува само формалност.

Се вчитува...