Гоце Седлоски го објави списокот за Лигата на нации: Повик за Гаштаров и Младеновски, со четворица дебитанти!

Селекторот на македонската А репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот на повикани фудбалери за претстојните четири натпревари од новото издание на УЕФА Лигата на нации.

Македонија циклусот го отвора на 26. септември против Швајцарија во Скопје, по што следуваат гостувањето кај Словенија на 29. септември во Љубљана, домашниот натпревар против Шкотска на 3. октомври и вториот дуел со Швајцарија, на гостински терен во Луцерн на 6. октомври.

Седлоски се одлучи за список од 28 фудбалери, меѓу нив четворица дебитанти, Анес Мељичи од Шкендија, Ѓорѓе Џеков од Силекс, Матеј Гаштаров од Црвена Звезда и Христијан Малески од Струга ТЛ. Поради повреда натпреварите ќе ги пропушти дефанзивецот на Левски, Никола Серафимов, a во однос на претходните собири недостасува и офанзивецот Милан Ристовски.

Повратник во репрезентативните редови е и Бојан Илиевски, кој сега игра за албанска Тирана.

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар).

Одбрана: Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Андреј Стојчевски (Словачко, Совачка), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (УТА Арад, Романија);

Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Тихомир Костадинов (Словачко, Словачка), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија);

Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Бојан Миовски (Ренџерс, Шкотска), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга ТЛ).

Седлоски во овој репрезентативен прозорец ќе има исклучително густ распоред, со четири натпревари во само 11 дена. Токму затоа, поширокиот список треба да му овозможи поголем простор за ротација и избор на различни решенија во текот на циклусот.

Македонија во новото издание на Лигата на нации настапува во групата Б1, заедно со Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Се вчитува...