Градоначалникот Јанчев се сретна со фудбалерите и раководството на Тиквеш: Поддршка во битката за опстанок

Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска оствари средба со раководството и фудбалерите на ГФК Тиквеш. На средбата беше уште еднаш потврдена подршката на тренерот за да продолжи со работата во Тиквеш а истовремено , вети дека обрските на Општината остануваат и ке бидат исполнети како што е договорено. За потсетување, шефот на стручниот штаб Влатко Костов после мечот со Шкупи понуди оставка, но истата не беше прифатена, и тој останува на чело на кавадаречкиот прволигаш.

Јанчев им искажа поддршка на фудбалерите и на стручниот штаб пред утрешниот дуел против Струга ТЛ. Со победа се зголемуваат шансите за опстанокот во Првата лига.

„Мотивација има, подршка има,навивањето ке биде додатен стимул, утре да дадедеме се од нас и да победиме –рече капитенот Вареловски.

Исто така стана збор и за судиските неправди кон тимот на Тиквеш, но сите се согласија дека тоа не треба да делува демотивирачки, напротив дополнително да ги мотивира сите да дојдат до опстанокот во прволигашката конкуренција.

Се вчитува...