Графит со морбидна порака се појави во Сплит – „Да умреш Ѓоковиќ, тоа ни е желба…“ (ФОТО)

Графит со морбидна порака на говор на омраза се појави во Сплит во која на Новак Ѓоковиќ му се посакува смрт од коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Најдобриот тенисер во светот е цел на критики на јавноста, поради организацијата на „Адриа тур“, турнир по кој поголемиот дел од тенисерите заболеа од Covid-19.

„Да умреш од неа тоа ни е желба, поздрав од Сплит. Ѓоковиќ умри“, напишано е на ѕид во Сплит. 

Покрај Новак Ѓоковиќ на „Адриа тур“ се заразија и Григор Димитров, Борна Чориќ и Виктор Троицки.

Фотографии и видео од срамната порака може да погледнете тука. 

Се вчитува...