Граѓаните биле подготвени да платат 100 милиони евра за ѕвезда на Баерн

Управата на Манчестер сити во летниот преоден рок била подготвена да го тестира трпението на челниците на Баерн Минхен, бидејќи подготвиле понуда тешка 100 милиони евра за ѕвезда на германскиот шампион, пишува германски Билд.

Според магазинот, во фокусот на Граѓаните бил Александар Павловиќ, но самиот фудбалер ја разрешил неизвесноста така што одбил да си замине од Минхен.

Павловиќ ја има довербата на тренерот Венсан Компани, и не сакал да си замине од „Алијанц Арената“ иако во Манчестер сити би ја имал улогата на Родри кој се пресели во Барселона.

22-годишниот Павловиќ кој од 2023 година е дел од првиот тим на Баерн Минхен и досега одигра 65 натпревари на кои постигна седум гола во сите натпреварувања, има договор со германскиот тим до 2029 година и засега во блиска иднина нема намера да си оди од „Алијанц арената“.

Манчестер сити иако не успеа да го ангажира Павловиќ, направи целосна реконструкција на средниот ред потрошувајќи 375 милиони евра за трансферите на Енцо Фернандес, Елиот Андерсон и Ајуб Буади.

Се вчитува...