„Граѓаните“ го декласираа Свонси

Манчестер сити стигна до 29.победа во сезоната во Премиер – лигата и до 90 бода на табелата, по убедливиот триумф над Свонси (5-0). „Граѓаните“ го демонстрираа својот квалитет уште од самиот старт. Давид Силва во 12.минута погоди за водство, а четири минути подоцна Рахим Стерлинг го удвои.

Во вториот дел, Кевин де Бруин зголеми на 3-0, па иако Габриел Хесус не реализираше пенал, сепак погоди Бернардо Силва. На крајот, и Габриел Хесус се запиша меѓу стрелците за убедлив триумф на тимот на Пеп Гвардиола.

Се вчитува...