„Граѓаните“ му нудат нов договор на Рахим Стерлинг

Манчестер сити ита кон шампионската титула во Премиер – лигата, но мисли и на иднината. Раководството на клубот, на барање на менаџерот Пеп Гвардиола, подготвува нов договор за крилниот играч Рахим Стерлинг. Тој во моментот заработува 205.000 евра неделно во редовите на „граѓаните“, а новата понуда би достигнала и до 300.000 евра.

„Нема дилеми, тој е важен играч во нашиот тим. Би сакале да го задржиме, но договорите се специфична работа. Преговори, агенти, размислувања и веројатно интерес од други клубови. За сето ова можете да се обратите кај Чики Бегиристаин“, изјави Пеп Гвардиола.

Се вчитува...