„Граѓаните“ се вклучија во трката за Хамес Родригез

Англискиот премиерлигаш Манчестер сити сериозно се вклучува во трката за ангажман на колумбискиот интернационалец Хамес Родригез од Реал Мадрид. Тој не е задоволен од минутажата во „кралскиот клуб“ и најавува заминува од „Сантијаго Бернабеу“ ова лето, а досега најзаинтересиран за неговите услуги беше градскиот ривал Манчестер јунајтед.

Пео Гвардиола би сакал да направи комбинација со Хамес Родригез и Давид Силва, двајца одлични организатори на играта, а Манчестер сити е подготвен да плати 60 милиони фунти за да го доведе на „Етихад“. Медиумите на Островот претходно најавија дека Колумбиецот веќе имал устмен договор со Жозе Мурињо за да му се придружи на Манчестер јунајтед, но сега работите би можеле да се искомпликуваат, па тој да замине во сината страна од Манчестер.

Се вчитува...