Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите со Азербејџан и Литванија

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објавува поширокиот список на ракометарки повикани за собир за претстојните натпревари со репрезентацијата на Азербејџан и Литванија во рамки на Women’s EHF EURO 2024 Qualifiers за пласман на WOMEN’S EHF EURO 2024.

На претстојната ЕХФ недела женската сенорска репрезентација на Македонија прво ќе гостува во Баку, Азербејџан а натпреварот е предвиден да се оддигра на 03.04.2024 во 15:00 часот, а потоа на домашен терен ќе ја пречека репрезентацијата на Литванија, а натпреварот е предвиден да се оддигра на 07.04.2024 во Скопје со почеток во 18:00 часот.

Се вчитува...