Грчевски го објави списокот на ракометарки за двомечот против Шпанија

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните натпревари со репрезентацијата на Шпанија во рамки на квалификациите за Европското првенство 2024 година кое ќе се оддржи во Австрија , Унгарија и Швајцарија.

Досега во квалификациите нашата сениорска женска репрезентација запиша две победи во исто толку натпревари. Во првото квалификациско коло сениорките запишаа убедлива победа на домашен терен против репрезентацијата на Азербејџан, а во следното коло запишаа и гостинска победа против репрезентацијата на Литванија.

Сениорките прво ќе оддиграат натпревар на домашен терен во СЦ Борис Трајковски на 29.02 во 18 часот , а потоа ќе гостуваат во Шпанија во градот Ланзароте. Натпреварот ќе се оддигра на 03.03 во 17 часот.

 

Се вчитува...