Грчевски го скрати списокот: Со 20 ракометарки по печат на визата за ЕП 2024

Селекторот Кристијан Грчевски денеска го објави скратениот список од 20 ракометарки кои ќе бидат во комбинација за настап на последните две средби од квалификациите за ЕП 2024, во кои Македонија најпрвин ќе гостува на Азербејџан, а потоа на домашен терен ќе ја пречека Литванија.

Нашите ракометарки со две победи и два порази моментно се второпласирани во групата, речиси сигурно ќе обезбедат пласман на ЕП, а еден триумф во последните две средби би требало да биде сосема доволен за освојување на второто место во групата.

На скратениот список на Грчевски не се најдоа повредените Дабевска и Божиновска, a во однос на последниот двомеч со Шпанија има и промена на голманската поиција, каде е повикана Ема Кирова на местото на Слободанка Кицевска.

Македонија ќе му гостува на Азербејџан во Баку на 3 април, а четири дена подоцна на ред е домашниот меч со Литванија, закажан за 7 април во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Се вчитува...