Грчевски го скрати списокот за квалификациските дуели против Шпанија

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски го скрати спиокот на ракометарки за квалификациските мечеви против Шпанија за пласман на Европското првенство 2024 година.

Во групата со Македонија и Шпанија се уште и репрезентацијата на Литванија и Азербејџан против кои нашата селекција извојува две победи на почетокот на циклусот.

Кристијан Грчевски за дуелите што Македонија ќе ги игра во Скопје и Ланцароте се реши за 20 ракометарки.

Се вчитува...