Грчевски: Многу усти затворивме со пласманот на ЕП

Кристијан Грчевски, селекторот на женската ракометна репрезентација истакна задоволство од победата вечерва против Литванија, и поради пласманот на Европско првенство.

Тој кажа дека репрезентацијата покажала квалитет и на домашен терен, и покрај тоа што, како што кажа, сите репрезентации подобро играат на гости.

„После долго време обезбедивме ЕП преку квалификации, заслужено. Доста усти ги затворивме со овој пласман и оваа победа, и би сакал во иднина да дојдат да не бодрат искрени навивачи. Секоја чест за девојките, полека се навикнувавме едни на други. Не чека сега ждрепка, многу зависи од таа ждрепка, а целта е да поминеме во следната фаза. во зависност од противниците. Било која репрезентација, имаме проблем на домашен терен, и подобро играме на гости. Мене ми беше очекувано, ја пробивме таа блокада, и дојдовме до добар резултат. Една постава играше 40 минути младинската, и мислам дека таму е онаа идна генерација. Скоро кај сите девојки гледам простор за напредок. Сакав да ги опфатам сите, и има простор за напредок, и се работи многу добро“, рече Грчевски.

Се вчитува...