Грег Попович се запиша во историјата: Тренер со најмногу победи на клупата на еден тим во НБА!

Тренерот на Сан Антонио, Грег Попович се запиша во историјата на НБА лигата како тренер со најмногу победи на клупата на еден тим престигнувајќи го легендарниот Џери Слоун од Јута.

На синоќешниот меч во НБА лигата, Сан Антонио убедливо славеше против Денвер со 121-97 овозможувајќи му на Попович да стигне до 1.128-та НБА победа.

„Мамузите“ беа предводени од Кавај Ленард со 19 поени, додека Џинобили, Симонс и Паркер постигнаа по 18 поени. Србинот Јокиќ постигна 11 поени. Кај Нагетси се истакна Мареј со 20 постигнати поени.

Се вчитува...