Хибернијан со предност од еден гол допатува во Македонија за денешниот реванш против екипата на Шкендија, меч што е на програмата од 20 часот на Националната арена „Тодор Проевски“.
Тренерот Дејвид Греј ги предупреди своите фудбалери дека никако не смеат да си дозволат да го бранат минималното водство, бидејќи со тоа би се осудиле самите на неуспех на овој реванш.
„Ова е европско гостување и треба на сите да им биде јасно, ако само застанете да го браните својот гол, ако играте дефанзивно 90 минути ќе бидете казнети. Секако, знаеме дека Шкендија ќе игра поразлично, дека ќе се обиде да тргне офанзивно од првата минута како што ние тоа го направивме на претходниот дуел, но ќе бидеме подготвени за такво нешто. Знаеме што е потребно за да се успее и ќе сториме се за да се пласираме во следната рунда. Жештината е нешто на што не сме навикнати, но добро е што трениравме под вакви услови и сега подобро знаеме што ќе не очекува на натпреварот“, изјави Греј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
