Грешка на Фетаи, Алиќ тресе – Силекс со прв чекор кон Куп трофејот (ВИДЕО)

По големо тактичко надмудрување, Силекс во 71. минута дојде до предност во финалето на Купот.

Имран Фетаи не  ја прими најдобро топката на средината на теренот, па Додев ја украде истрча во шеснаесетникот, каде додаде до осамениот Алиќ, кој само ја спроведе во празната мрежа.

Претходно Шкендија имаше три добри шанси, а најдобрата на Љатифи, меѓутоа феноменално одбрани Џеков. Силекс го зададе првиот удар, сега на ред е тетовскиот тим.

Се вчитува...