Џек Грилиш игра како препороден во дресот на Евертон, каде стигна како позајмен играч од Манчестер Сити. Крилниот фудбалер на „карамелите“ попладнево против Брајтон имаше две асистенции во победата на неговиот тим од 2-0.
Интересен е податокот дека Грилиш во последните две години во дресот на Сити запиша вкупно две асистенции во 40 меча колку што одигра за „Граѓаните“. Ги израмни овие бројки во само два меча за „сините“ од Ливерпул.
Грилиш оред да дојде во Манчестер Сити, играше за Астон Вила, а потоа за сума од блиску 100 милиони фунти замина на „Етихад“. Таму ги освои сите трофеи, а потоа играше се послабо, по што следуваше преселба во Евертон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

