Грилиш: Во последните две години ја загубив жарта за фудбал

Џек Грилиш со две асистенции во победата над Брајтон од 2-0 се претстави пред навивачите на Евертон и тоа на отварањето на новиот стадион.

Англискиот репрезентативец не го криеше задоволството од настапот, а изјави дека и повторно му се вратила желбата за играње фудбал која ја изгубил во последните две сезони поминати на клупата на Манчестер Сити.

„За мене најважно беше да дојдам тука и да уживам во фудбалот, да уживам во играта секој ден. Мислам дека во последните две години ја загубив жарта за фудбалот, не потполно, но едноставно повеќе не уживав во фудбалот толку колку што требав.

Моето семејство често ми го велеше тоа. Тоа не е до некој друг, туку до мене. Но, да апсолутно го сакам фудбалот и сакам повторно да го имам тоа чувство кога ќе се разбудиш на денот на натпреварот и едвај чекаш да излезеш на терен. Така се чувствував и денеска и се надевам дека тоа се виде во мојата игра“, изјави Грилиш по триумфот.

Се вчитува...