Гризман добива нов договор од Атлетико Мадрид и нова клаузула?

Шпанскиот клуб Атлетико Мадрид, според одлуката на ЦАС, нема да смее да продава ниту да купува фудбалери во претстојниот летен преоден рок, и тоа сигурно ќе влијае значително на тимот на Диего Симеоне за следната сезона. Но, има и убави вести за фановите на Атлетико Мадрид, дека Антоан Гризман и дефинитивно ќе остане во овој клуб и ќе потпише договор до 2021 година.

Според шпанските медиуми, раководството на Атлетико Мадрид веќе подготвило нов договор за Гризман, за подобри лични услови за францускиот интернационалец, но и со поголема отштетна клаузула, доколку некој европски клуб сака предвреме да го откупи. Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед беше сериозно заинтересиран за услугите на Гризман и планираше да го купи ова лето, но очигледно дека одлуката на Арбитражниот суд за спорт во Женева ги промени и плановите на Жозе Мурињо.

Се вчитува...