Гризман си „одбра“ клуб и ги насмеа сите: Сакам да играм во Њујорк никс

Антоан Гризман постојано се поврзува со заминување од Атлетико Мадрид на крајот од сезоната. Согласно шпекулациите најблиску е до трансфер во Манчестер јунајтед или Реал Мадрид… Па, шпанските медиуми повторно искористија можност да го прашаат околу неговата иднина, за да овој пат добијат интересен одговор.

„Би заминал од Атлетико Мадрид само во Њујорк никс. Би сакал да играм со Дерик Роуз“ – истакна низ смеа 26-годишниот напаѓач на Атлетико.

Французинот е добро познат како голем навивач на Никси. Кошарката ја сака исклучително, потенцирајќи дека ако не бил фудбалер тогаш сигурно ќе играл кошарка.

Се вчитува...