„Гризман треба да го ‘исшамара’ полуаутистичниот Меси и да му покаже каде му е местото!“

Антоан Гризман деновиве е главна тема на шпанските медиуми поради неочекуваниот статус во Барселона каде стигна како големо засилување, но со своите игри не се прослави.

Потегот на Кике Сетиен да го стави Гризман во игра во 90. минута на мечот со поранешниот него клуб Атлетико Мадрид наиде на жестоки критики од семејството на францускиот репрезентативец. Веднаш се појавија и информациите дека Гризман не е во добри односи со Меси и дека тоа а причината зошто не игра.

На оваа тема се огласи и поранешниот француски репрезентативец Кристоф Дугари кој потенцираше дека Гризман не треба да стравува од ситуацијата во Барселона, но треба само да заземе цврст став и да му покаже на Меси и неговото друштво дека не им се плаши.

„Па од кого тој да се плаши? Од момче високо 150 сантиметри кои покрај тоа е и полуаутистичен? Гризман треба да има само повеќе храброст и да му се спротистави на Меси и на сите кои не го прифатија. Ова го кажувам веќе една година, треба онака убаво да го ‘исшамара’ Меси и да му покаже каде му е местото“ – порача Дугари.

Но, оваа негова изјава предизвика нова лавина реакции во Шпанија поради навредата дека Лионел Меси е полуаутистичен.

Се вчитува...