Гркинките побегнаа, службена победа за Македонија

Женската репрезентација на Македонија за ракометарки до 17 години службено го доби дуелот со Грција откако противничката селекција по само 32 секунди игра го напушти теренот.

Гркинките протестираа поради маиците со име Македонија што ги носеа членовите на нашиот стручен штаб, па веднаш по стартот на средбата и свиканиот тајмаут се повлекоа во соблекувалната.

Судиите согласно правилата чекаа 15 минути за нивно враќање, а откако тоа не се случи и официјално прогласија победа за нашиот национален тим.

Сега на потег се официјалните лица на ЕХФ, кои ќе треба ригорозно да ја казнат Грчката Ракометна Федерација за мешање на политиката во спортот, и тоа на натпреварување за 17-годишни девојчиња.

sudija kraj2

Се вчитува...