Гроздановски и Адем го задолжија дресот на ФК Скопје

Екипата на Фк Скопје во последните моменти од преодниот рок се засили со двајца искусни фудбалери, Али Адем и Томче Гроздановски.

Гроздановски пристигнува со значајно искуство стекнато на домашната и меѓународната сцена. Во својата кариера настапувал во Македонија и странство, а зад себе има и репрезентативно искуство во младинските селекции, како и настап за сениорската репрезентација на Македонија.


Неговиот квалитет, дисциплина и искуство во средниот ред ќе бидат големо засилување за сино-белиот состав.

Второто засилување е искусниот фудбалер од средниот ред, Адем кој во својата кариера има настапувано за повеќе клубови во Македонија и странство, а зад себе има и репрезентативно искуство.


ФК Скопје по првите пет кола во Првата Македонска фудбалска лига има е една од двете екипи кои се уште ја немаат почувствувано сласта на победата. Тие имаат три ремија и два порази.

Се вчитува...