Груби: За однесувањето на „Комитите“ нема место во новото општество

Артан Груби, првиот вицепремиер во новата Влада, упати порака до Комитите, навивачката група на Вардар. Тој вели дека за однесувањето што тие го имаа на вчерашниот меч меѓу Вардар и Шкупи, иако навиваа надвор од стадионот, нема место во новото општество.

„Говорот на омраза и денешното гневно навивање на младите среде Скопје е за секоја осуда. Такво однесување нема место во нашето ново општество, рамноправно општество за сите, со евро-атлантски вредности. На индоктринацијата на младите и етничката нетолеранција им е истечен рокот“, истакна Груби.

Тој е сепак многу помек со ставовите кон „Шверцерите“, навивачката група на Шкупи, која минатата година славејќи јубилеј значително го оштети ентериерот на МНТ.

Се вчитува...