Грузијците го бркаат Кашија од репрезентација заради „виножитото“ на капитенската лента

Полицијата во Грузија уапси осум лица на протестите на кои припадници на една десничарска група барале фудбалерот Гурам Кашија да биде исфрлен од репрезентацијата затоа што ги поддржува хомосексуалците.

Националистичката група бара фудбалерот на холандскиот Витесе да се казни бидејќи минатиот месец на раката носел капитенска лента во боите на виножитото, како дел од пошироката иницијатива во Холандија за „Coming Out Day”.

Групата демонстранти се собрала синоќа пред седиштето на Фудбалската федерација на Грузија, протестантите извикувале анти-геј слогани, палеле факели и го запалиле знамето со боите на виножитото кое е заштитен знак на ЛДБТ заедницата.

Грузиската полиција соопшти дека осум лица се уапсени поради предизвикување немири и судир со полицијата.Наспроти протестите на десничарската грушпа, Гурам Кашија доби поддршка од претседателот на Грузија, Гиорги Маргвелашвили, а подршка за фудбалерот има и на социјалните мрежи.

Се вчитува...