Ѓуроски: Се изненадивме од поразот на Австрија од Кипар

Македонската машка сениорска репрезентација вечерва ќе го одработи првиот тренинг во „Спорт Арена“ во Виена, каде што во недела ја очекува првата средба од втората рунда на претквалификациите за пласман на Евробаскетот во 2029 година.

Стојан Ѓуроски, кој е еден од најискусните во македонскиот табор, не го крие изненадувањето од исходот во првото коло, во кое Австрија неочекувано загуби од Кипар.

„Го анализиравме натпреварот на Австрија против селекцијата на Кипар, кој го загубија. Искрено, тоа беше изненадувачки пораз, затоа што очекувавме Кипар да биде некој од аутсајдерите во групата. Меѓутоа, покажаа дека се доста добра репрезентација.

Ги видовме предностите, но и недостатоците на Австрија. Имаме два дена тука во Виена, што мислам дека е доволно време добро да се подготвиме за тој натпревар и да стигнеме до првата посакувана победа. Во овој момент Нено и Мозес се огромно засилување за нас и мислам дека ќе бидеме доста добри“, вели Ѓуроски.

Натпреварот во Виена е закажан за недела со почеток во 16.05 часот во „Спорт Арена Виена“.

Се вчитува...