Гут-Бехрами најдобра и во Квитфјел

Швајцарската скијача Лара Гут-Бехрами направи уште еден чекор кон освојување на Кристалниот глобус во Светскиот куп откако славеше на денешниот супервелеслалом што беше возен во норвешкиот ски-центар Квитфјел.

Гут-Бехрами делуваше импресивно на патеката, минувајќи ја делницата за време од 1:33,51 минута, за своја 45. победа во кариерата. Второто место и припадна на Корнелија Хутер од Австрија со 12 стотинки заостанување, додека третопласирана беше Мирјам Пухнер со 13 стотинки послабо време.

Со новите 100 бода што ги донесе денешната победа, Гут-Бехрами сега има дури 305 бода предност во генералниот пласман во однос на второпласираната Микаела Шифрин, која се повреди во јануари и би требало да се врати на патеките наредниот викенд.

Гут-Бехрами има 460 бода во супервелеслалом, 25 повеќе од Хутер и веќе в недела би можела да го одбрани малиот кристален глобус во оваа дисциплина, што Швајцарката го има освојувано пет пати во кариерата.

Се вчитува...