Гувернерот на Њујорк одобри: УС Опен ќе се одржи, но без публика

УС Опен ќе се одржи според планот почнувајќи од 31. август, но нема да биде дозволено присуство на публика. Ова е информацијата која ја објави организаторот, а откако гувернерот на Њујорк, Андрју Куомо, ги одобри плановите и протоколите за турнирот. Првиот грен-слем кој би бил одигран годинава ќе биде вообичаено на терените на „Флешинг Медоус“ и покрај негодувањата од некои тенисери околу патувањето во Њујорк.

Гувернерот одобрил стриктни протоколи околу одржувањето на турнирот кои треба да ги заштитат тенисерите. Протоколот вклучува тестирање за коронавирус како и дополнителен простор за соблекувални.

Бидејќи САД е државата со највисок број на заболени од COVID-19, а токму Њујорк е најпогодената држава многу од водечките тениски имиња изразија загриженост околу одржувањето и учеството на турнирот, особено што тенискиот центар „Били Џин Кинг“ е претворен во ковид-центар. Резерви за учество на турнирот имаат Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Ник Кирјос, Симона Халеп.

 

Се вчитува...