Хрватскиот стопер Јошко Гвардиол го освои својот прв трофеј во својот нов клуб Манчестер Сити.
Фудбалерите на Манчестер Сити го освоија Суперкупот на УЕФА победувајќи ја Севилја со 5-4 по изведување пенали, откако по 90 минути наптреварот заврши 1-1.
Јошко Гвардиол ги одигра сите 90 минути за Сити, а Би-би-си го прогласи и за најдобар играч на натпреварот.
„Се чувствувам фантастично. Не можев да замислам подобар почеток. Ова беше мојот прв натпревар на кој играв од првата минута и веднаш го освоив трофејот. Се надевам, првиот од многуте. Треба да се запомни дека не можете да се борите за овој трофеј секој ден. Имавме можност и ја искористивме. Заслужено победивме и можеме да славиме. Нашиот голман ни олесни со своите одбрани, среќен сум бидејќи го имам зад мене. Секој од нашите играчи има квалитет и верба во себе. Треба само да се концентрираме на лигата. Во сабота имаме уште еден натпревар против Њукасл, нема да биде лесно, но играме дома и ќе ја имаме поддршката од нашите навивачи“, изјави Гвардиол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА