Гвардиол трагичар, Баерн Минхен го доби „супер-мечот“ против Лајпциг (ВИДЕО)

Баерн Минхен во еден неверојатен натпревар успеа да слави против Ред Бул Лајпциг на домашен терен со 3-2 во меч од 21. коло во германската Бундеслига. Домаќините поведоа со голот на Томас Милер во 12. минута.

Во 27. гостите израмнија со голот на Андре Силва, а до полувремето Баварците стигнаа до ново водство со погодокот на Роберт Левандовски во 44. минута. Лајпциг повторно израмни преку Нкунку во 53. минута, но само пет минути подоцна Јошко Гвардиол беше трагичар за својот тим постигнувајќи си автогол со кој Баерн Минхен стигна до трите бода.

Се вчитува...