Гвардиола: Челси е уште шампион, а се брани со деветмина пред шеснаесетникот

Манчестер сити го совлада Челси со 1-0 на „Етихад“ и уште еднаш ја потврди својата доминација во Премиер – лигата оваа сезона. Бернардо Силва беше стрелец на победничкиот гол, а менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, не пропушти да упати критики и за стилот на играта на противникот.

„Победивме, но навистина се намачивме. Не очекував дека Челси ќе игра толку дефанзивен фудбал. Тие се сепак се уште актуелни шампиони, а се бранеа со деветмина фудбалери пред нивниот шеснаесетник. Во една таква ситуација, тешко е да се пробие бедемот на противникот, а и гледачите не можат да бидат задоволни од прикажаниот фудбал. Но, среќни сме што успеавме да победиме“, изјави Пеп Гвардиола.

Се вчитува...