Пеп Гвардиола одлично ја стартуваше и новата сезона со Манчестер Сити, но трофејниот стратег ја искористи својата влијателност за отворено да проговори за се поголемиот проблем во фудбалот – згуснатиот распоред и премалиот одмор за играчите во текот на летото.
Каталонскиот стручњак за пример ја зеде НБА-лигата, а меѓу редови и ги повика фудбалерите да размислат за штрајк, за нивниот глас сериозно да биде слушнат од одговорните институции.
„Секогаш ја користам НБА за пример кога говорам на оваа тема. Тие играат 80 натпревари за неколку месеци, но потоа имаат три месец одмор. Ако не играш во финалето, можеш целосно да одмориш, и физички и психолошки и потоа максимално фокусиран да влезеш во новата сезона. Кај фудбалот таа пауза изнесува три седмици, што е навистина премалку. Јас сум тренер и немам сила да ги менувам работите, но фудбалерите треба да се погрижат нивниот глас да биде слушнат. Има само едно решение – сите фудбалери да кажат: Стоп – време е да се променат работите… Можеби тогаш УЕФА и ФИФА конечно ќе реагираат“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА