Фудбалерите на Манчестер сити го претрпеа првиот пораз сезона откако Тотенхем славеше 0-2 во првиот натпревар од денешната програма од 2. коло од новата сезона во Премиерлигата.
Менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола, истакна дека неговиот тим не бил доволно фокусиран во клучните моменти против Тотенхем, иако верува дека прикажале подобра игра отколку што сугерира конечниот резултат.
„Имав чувство дека беше малку подобро отколку што покажува резултатот. Почнавме добро, примивме гол што може да се случи, но направивме премногу грешки во едноставни работи. Со квалитетот што го имаме, неприфатливо е да ја губиме топката толку многу пати. Страдавме во транзициите, а кога го постигнаа вториот гол кон крајот на полувремето, стана тешко“, рече Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

