Гвардиола нема дилема: Потешко е да се освои Премиерлигата отколку Лигата на шампионите

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека е потешко да се биде шампион во Англија отколку да се крене големиот пехар од Лигата на шампионите.

Пеп во својата кариера двапати ја има освоено Лигата на шампионите, но не успеал да стане шампион со друг клуб освен со Барселона.

Досега му донесе три титули на Манчестер Сити во Премиерлигата, а многу блиску е и до четвртата, до неа ќе дојде утре ако ја победи Астон Вила.

„Потешко е да се освои Премиерлигата отколку Лигата на шампионите. Во Англија има повеќе кола, повеќе натпревари, многу повреди, добри и лоши фази … Голем успех за нас е тоа што успевавме да бидеме шампиони минатите години. Не велам дека Лигата на шампионите не е важна, секако дека би сакал да бев во Париз следната недела, но играњето 38 натпревари е поразлично од играње на шест или седум меча“, заклучи Гвардиола.

Се вчитува...