Гвардиола во Сити до 2023, а Меси во јануари доаѓа на „Етихад“

Пеп Гвардиола потпишa нов договор со Манчестер Сити до 2023 година, потврдија од клубот. Тој е подготвен да остане во тимот, а како награда за лојалноста во јануари сопствениците на клубот ќе го доведат Лионел Меси.

Меси се поврзуваше со трансфер во Манчестер Сити уште летово кога најави дека сака да ја напушти Барселона, но поради големата откупна клаузула мораше да остане на „Камп ноу“. Сепак, во јануари тој има право да замине без обештетување, а први во редот за неговиот потпис ќе бидат „небесно сините“ од Манчестер.

Од друга страна се поголеми беа шпекулациите дека Гвардиола по крајот на сезоната го напушта „Етихад“, но очигледно е дека на крајот паднал договор и Шпанецот уште долго ќе биде дел од англискиот вицешампион.

 

 

Се вчитува...