Хабиб до Конор: „Силувач“…, МекГрегор: „Се гледаме во Москва пи.ко!“

Ирскиот борец Конор МекГрегор и Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов досега само еднаш се нашле во ринг, а во меѓувреме имале повеќе од десеттина вербални пресметки.

Последниот вербален дуел е откако Ирецот напиша: „Се гледаме во Москва, пи.ко“, на што Хабиб одговори нарекувајќи го силувач.

„Во Москва не се очекуваат силувачи“ – напиша Нурмагомедов на Твитер, за да веднаш потоа Конор му врати со фотографија од руската амбасада, нагласувајќи дека наскоро стигнува во Москва.

Непоразениот дагестански борец, сепак, нема интерес за нова пресметка со МекГрегор.

„Конор најпрво мора да се врати на борбите, да престане да удира стари лица. Тој е професионален борец, и треба да се врати на ринг, да победи и да го заработи своето место на врвот“ – вели Хабиб.

 

Се вчитува...