Хабиб ја откажа борбата, Фергусон бесен: „Побегна, пи..ата!“

Нема да има борба меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон за УФЦ појасот во лесна категорија. Дагестанецот вчера објави дека борбата ја откажува поради пандемијата со коронавирусот.

Сето тоа, ни малку смирено не го дочека Тони Фергусон кој „полуде“ по оваа одлука на шампионот.

„Навистина сум бесен. Можеше да остане овде. Беше во Абу Даби, имаше шанса да се врати пред да бидат затворени границите во Русија. Но, тој одлучи да оди во Дагестан и да не го заврши кампот. Тоа е лик кој не сака да се бори, уплашен е и бега. Треба да му се одземе појасот“ – вели Фергусон и дополнува:

„Истата работа ја направи и пред УФЦ 209. Беше со семејството, знаеше дека е над дозволената килажа и се откажа од борбата. Ова е бегање од борба. Хабиб е пи.ка. Му реков дека ќе го избришам подот со него и исчезна“.

Се уште не е познато дали Тони Фергусон, сепак, ќе добие противник за УФЦ 249. Интересно е дека ова е петти пат како пропаѓа закажаната борба со Хабиб Нурмагомедов.

Се вчитува...