Хабиб се расплака и објави крај на кариерата – „Без мојот татко веќе не влегувам во октагонот“ (ВИДЕО)

Неверојатниот Хабиб Нурмагомедов го нокаутираше Американецот Џастин Гатје одбранувајќи ја титулата во УФЦ во лесна категорија. По мечот со солзи во очите Хабиб најави крај на кариерата објавувајќи дека ова за него е последна борба во октагонот.

 

„Бог ми даде се. Ова е моја последна борба. Нема шанса повеќе да дојдам тука без мојот татко. И ветив и на мојата мајка дека ова ќе биде моја последна борба“, изјави по борбата Хабиб. 

32-годишниот Хабиб кариерата ја завршува со скор од 29 победи без ниту еден пораз, а на неговата листа на нокаутирани борци се најдоа и големите ѕвезди Конор Мекгрегор, Дастин Поире, Џастин Гатје…

 

Се вчитува...