Благој Хаџи-Кимов игра се подобро под водство на новиот тренер Никола Кузманов во дресот на штипска Брегалница.
Се стандардизира во срцето на одбраната и претставува сигурен бедем кај „сините“. Во пресрет на утрешниот натпревар против Башкими, Хаџи-Кимов е сигурен во освојувањето нови три бода.
„Се подготвуваме максимално сериозно за секој натпревар и следен предизвик. Ова е прва лига, нема слаби противници, нема потценување и опуштање против никого. Хемијата во екипата е на највисоко ниво, целиот фокус е петок и натпреварот против Башкими на домашен терен. Вечерниот термин под ‘Исарот’ и пред нашата верна публика за нас е само мотив плус за добра игра и нови три бода!“ – вели Хаџи Кимов за клупскиот сајт.
Натпреварот меѓу Брегалница и Башкими од 4. коло во ПМФЛ се игра утре од 19 часот во Штип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
