Хаџиевски со Емирати обезбеди место во Првата лига во ОАЕ

Поранешниот македонски селектор Ѓоко Хаџиевски слави со својот Емирати, обезбедувајќи на едно коло до крајот пласман во елитата во Обединетите Арапски Емирати.

Со триумфот на Масафи од 6-0, Емирати се недостижни пред Ал Батаех, со три бода предност и +15 голови, на едно коло до крајот од шампионатот во Втората лига.

Минатата сезона Емирати не успеаја да се пласираат во Првата лига откако првенството беше прекинато поради коронавирусот.

Се вчитува...