Хадсон Одои на пат кон Бундес-лигата

Калум Хадсон-Одои до крајот на преодниот рок ќе го напушти Челси, а следна дестинација на крилниот офанзивец се очекува да биде германската Бундес-лига. Баерн Минхен и Баер Леверкузен се клубовите кои покажуваат најсериозен интерес и кои постигнаа начелен договор со Челси околу позајмицата на овој играч, а самиот фудбалер ќе реши во кој од овие два клуба ќе ја продолжи кариерата.

Крилниот играч и во минатото беше голема желба на Баерн Михен, но и покрај тоа што баварците ги договорија личните услови со фудбалерот, не најдоа заеднички јазик со лондонскиот клуб. Челси одби и понуда од 70 милиони евра, но овој пат ќе мора да дозволи заминување откако Тухел јасно стави до знаење дека овој фудбалер не му е неопходен во тимот.

Она што Баер го нуди, а Баерн не е во можност е ветување за стандардно место во првиот тим, нешто што може да биде важен фактор во преговорите. Хадсон Одои со години важи за голем талент, но никогаш не доби шанси на подолг рок да ги покаже своите квалитети, па тимот од Леверкузен може да биде идеална опција за англискиот фудбалер во овој дел од неговата кариера.

Се вчитува...